Реалити ѕвездата Кајли Џенер, која успеа до својата 22. година да стане најмлада милјардерка на светот, неодамна се сликаше за новото издание на магазинот „Плејбој“ и тоа во прегратка на својот партнер, Раперот Тревис Скот.
Она што посебно ги воодушеви нејзините фанови, кои имаа можност да ја видат фотографијата на Инстаграм, е фактот што таа е целсно гола!
„Кога Хјустон ќе го сретне ЛА“, напиша Кајли под фотографијата која за помалку од 24 часа заработи над 12 милиони лајкови, а меѓу коментарите можеше да се види „Вау“, „Ова ќе го урне интернетот“, „О мој боже, твојот задник е совршен“, „Гориш“.
Да потсетиме, Кајли Џенер и Тревис Скот во февруари минатата година, по повеќегодишна врска, ја добија ќерката Сторми Вебстер.
