30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Го славиме 8 март, Денот на жената: Обележан е како спомен кога во фабрика загинале 140 жени

Најчитани вести

Првиот ден на жената бил одбележан на 28 февруари 1909 година во САД

Меѓународниот ден на жената, популарно наречен „8 март“, е прослава на економските, политичките и социјалните достигнувања на жените. Идејата за одбележување на овој празник се појавила на почетокот на 20 век, во време на брза индустријализација и економска експанзија, што честопати доведувало до протести поради лошите услови за работа.

Во 1930-тите, некои земји престанале да го слават овој празник, но во 1975 година, Обединетите нации започнале официјално да го слават.

Денот на жената е одбележан како спомен на пожарот во фабриката за текстил „ Triangle Shirtwaist “, што се случил во Њу Јорк во 1911 година. Над 140 жени загинале тој ден.

Првите јавни демонстрации на жени вработени во индустријата за облека и текстил се одржале на 8 март 1857 година во Њу Јорк. Текстилните работници протестирале против лошите услови за работа и ниските плати. Демонстрантите биле растерани од полицијата, а два месеци подоцна, истите жени формирале синдикат.

Протестите на 8 март продолжиле и во следните години, од кои најпознати се во 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ Њу Јорк барајќи пократко работно време, подобри плати и право на глас.

Првата меѓународна женска конференција се одржала во Копенхаген во 1910 година, во организација на Социјалистичката интернационала. Празникот е утврден на предлог на познатиот германски политичар и борец за човекови права Клара Цеткин. Следната година, празникот го одбележале милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

Првиот ден на жената бил одбележан на 28 февруари 1909 година во Соединетите држави по повод декларацијата дадена од Социјалистичката партија на Америка.

Демонстрациите по повод Меѓународниот ден на жената во Русија биле првиот чекор на руската револуција. По октомвриската револуција, болшевичката феминистка Александра Колонтаи го убедила Ленин да го направи 8 март национален празник. Се користел за време на советскиот период за обележување на „херојството на работниците“.

Државите на Запад во голема мерка престанале да го слават Денот на жената во 1930-тите, делумно затоа што тие го поврзувале со комунизмот. Сепак, феминистките повторно почнале да го слават во 60-тите години на минатиот век. 1975 година била прогласена за меѓународна година на жените. Тогаш Обединетите нации започнале официјално да го одбележуваат Меѓународниот ден на жената.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести