21.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

Го разведе од првата сопруга, го сакаше до смрт – најромантичната љубовна приказна на златниот Холивуд!

Најчитани вести

Бракот што трае 50 години е извонреден подвиг. Но, ако станува збор за холивудски брак, тогаш тоа е речиси – вечност.

Пол Њумен и Џоана Вудворд биле златен холивудски пар и нивната приказна е неверојатна. Пол ја запознал Џоана во 1953-та година за време на изведувањето на премиерата на претставата „Пикник“, на Бродвеј, но, тој тогаш бил во брак.

Покрај љубовта кон Бродвеј, тие двајца имале уште неколку заеднички работи: биле членови на престижното глумачко студио „Li Strasberg“, а по завршувањето на прикажувањето на претставата двајцата се упатиле кон Холивуд.

Во наредните четири години не работеле на исти проекти, но останале добри пријатели. Кога Њумен се развел од својата прва жена во 1957-ма година, биле ангажирани за филмот „Долго, топло лето“. Страста која ја имале еден за друг се вратила речиси веднаш, а веќе на 29-ти јануари, 1958-ма година се венчале.

„Беше модерна и независна, додека јас бев плашлив и малку конзервативен. Ми требаше многу време за да ѝ покажам дека не сум глупав онака како што изгледам“, рекол тој.

Во текот на нивниот прекрасен 50-годишен брак, тие двајца заедно работеле во многу филмови. Почитта и љубовта кои ги имале еден кон друг им помогнале да преминат преку сите препреки.

Во едно интервју Вудворд рекла: „Да бидеш сопруга на Пол Њуман има свои добри и лоши страни. Со оглед дека уште сме заедно, очигледно има повеќе добри страни, но не беше секогаш лесно. Но, во која врска е лесно?“.

А кога од Пол побарале да ја открие тајната за нивниот долг и среќен брак, рекол: „Сè е во вистинските дози на страст и почит. Кога сте волку долго заедно, понекогаш ‘си одите на нерви’ еден на друг, но под сето тоа секогаш се љубовта и почитта“.

Кога во една прилика го прашале дали некогаш ѝ бил неверен на Џоана, тој одговорил: „Зошто би се задоволувал со хамбургер, кога дома имам бургер?“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести