6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Го подобрува помнењето и концентрацијата и не содржи холестерол: Кој вид риба е најздрава?

Најчитани вести

Рибата е еден од најважните намирници кога станува збор за формулирање на здрава исхрана.

Таа е извор на квалитетни протеини, здрави масти и многу витамини и минерали кои му се потребни на нашето тело. И иако нутриционистите препорачуваат во исхраната да се воведат разни видови риба (и речна и морска), науката тврди дека една од нив е најкорисна. 

Почесното прво место ѝ припаднало на туната. Во оваа трка (иако со мала разлика), туната го надминала дури и главниот фаворит на сите љубители на здравиот начин на живот – лососот.

Туната е богат извор на висококвалитетни протеини. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини и телото совршено ја апсорбира. Протеините се главниот градежен материјал на нашето тело – од кардиоваскуларен до мускулно-скелетен.

Туната содржи 21 гр. протеини на 100 гр. производ, што значи дека само една порција може да ви обезбеди речиси третина од дневните потреби. Истовремено, туната е потполно без јаглехидрати и практично не содржи масти (помалку од 1 гр. на 100 гр.), што ја прави идеален производ за оние кои активно се занимаваат со спорт или едноставно внимаваат на количината на внесени калории.

Покрај тоа, комплексот витамини и минерали кои ги содржи оваа риба благотворно делуваат на функционирањето на нервниот систем: го подобруваат помнењето и концентрацијата и значително ја зголемуваат ефикасноста.

Овој вид риба не содржи холестерол, а истовремено е богата со витамин Б, калиум и магнезиум, што ја прави особено добра за срцето. Витаминот Д, кој исто така го има во голема количина во туната, го подобрува сврзното ткиво и коските, помага во апсорпцијата на калциум, го забавува процесот на стареење, па дури и го стимулира производството на хормонот за среќа – серотонинот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com