24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

ГО ПОГРЕБА СИНОТ Шинејд О’Конор го испрати Невим облечена во розово

Најчитани вести

Ирската музичка ѕвезда Шинејд О’Конор (55) вчера го погреба малолетниот син Невим Нест Али Шејн О’Конор (17), кој на 7 јануари под неразјаснети околности си го одзеде животот.

Шинејд на погребот дојде облечена во розово, бидејќи, како што објасни подоцна, тоа би му се допаднало на нејзиниот син.

Откако се врати во својот дом, таа напиша многу трогателен твит:

„Само што се простивме од нашиот прекрасен ангел Шени. Многу убава хинду церемонија. Тој би го сакал ова“.

Кога дозна за трагедијата, Шинејд соопшти:

– Ги идентификував посмртните останки на мојот син. Господ да ѝ прости на Ирска, бидејќи јас сигурно нема. Ќе почекам да го оплачам синот, а кога ќе бидам подготвена на сите ќе им кажам точно како државата Ирска во своето незнаење, злоба и лаги во болницата „Тусла“ овозможи мојот син да умре.

Педесетина нејзини пријатели дојдоа на испраќањето на Невим на гробиштата Њуландс Крос во Западен Даблин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com