8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Го оставил кучето на клупа со потресна порака: „Ве молам вдомете го, бидејќи моите родители…“

Најчитани вести

Засолниште за животни во Мексико, Маскота Којоакан, во ноември годинава добило известување дека едно куче е напуштено и оставено на клупа во парк.

Кога стигнале до кучето, пронашле порака која ја напишало дете, а во која е објаснето дека кучето се вика Макс и дека момчето го оставило таму затоа што родителите го злоставувале секој ден.

„Здраво, ве молам, посвојте го Макс. Ве молам да го вдомите ова куче и добро погрижете се за него. Многу ми е тешко да го оставам, но морав да ја донесам таа одлука, бидејќи моето семејство постојно го малтретираше и тажен сум кога гледам како страда. Ако ја читате оваа порака и имате срце, ве молам да го посвоите и да се погрижите за него. Ако не можете, ве молам оставете ја оваа порака каде што ја најдовте, за други луѓе да ја видат и да го посвојат. Ви благодарам“, стои во пораката.

Како што објасниле од прифатилиштето, кучето било исплашено и им требало речиси два часа за да му пријдат и да го тргнат од клупата.

„Кога го тргнавме од клупата, тој веќе не беше агресивен, но сепак и понатаму беше претпазлив. Одев со него за да изградам доверба и да го опуштам пред да влеземе во автомобилот“, раскажала за „Bored Panda“ жената која дошла до него.

На Макс, кој веднаш бил преименуван во Бостон, потребни му биле неколку денови за да се опушти, а потоа брзо станал весел и разигран.

Моментално има привремено сместување и чека волонтерите од живеалиштето да му пронајдат траен сопственик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести