16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Го освои најпосакуваниот фраер од Холивуд: Таа е икона на стилот, а една операција ја подобри нејзината кариера!

Најчитани вести

Во едно интервју кое го дал години подоцна, актерот опишал еден двоен состанок на кој биле заедно

Блејк Лајвли е 33-годишна американска актерка, позната и како сопруга на Рајан Рејнолдс, со кого има три ќерки.

Русокосата убавица и модна икона се прослави со улогата во популарната тинејџерска серија „Gossip Girl“, но подоцна таа постигна неколку поимпресивни улоги, но ништо не ја надмина онаа од споменатата серија.

Блејк отворено призна и за операцијата на носот, што комплетно го смени нејзиниот изглед на подобро и ѝ даде ветер на задната кариера, а со холивудскиот миленик Рајан Рејнолдс се запозна во 2010 година на снимањето на филмот „Green Lantern“. Сепак, тоа предизвика искри меѓу нив дури подоцна.

Во тоа време, Рајан сè уште беше оженет со Скарлет Јохансон, додека Блејк беше во врска со Пен Бадгли, колега од серијата „Gossip Girl“.

На крајот на истата година, Рајан поднесе барање за развод, додека Блејк ја раскина врската. Актерката летото 2011 година го помина во прегратките на холивудскиот заводник Леонардо ди Каприо, но очигледно не беа судени еден за друг.

Дел од 2011 година, Рајан и Блејк го промовираа филмот, а на премиерата изгледаа прилично блиски. Во едно интервју кое го дал години подоцна, актерот опишал еден двоен состанок на кој биле.

„Ние тогаш бевме пријатели. Се сеќавам една година по „Green Lantern“ и двајцата бевме сами. Отидовме на двоен состанок. Таа беше таму со друго момче, а јас со друга девојка. Тоа беше најнезгодната средба (од наша перспектива ) веројатно затоа што избувнаа искри меѓу нас “, открил Рајан во една прилика.

И покрај тоа што двајцата се едни од омилените холивудски парови, Блејк е и една од најдобро облечените дами во Холивуд. Нејзините гламурозни изданија е тешко да се заборават, и се надеваме дека ќе ја видиме повторно во нив наскоро, кога ќе се подобри ситуацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести