14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Го лажела сопругот дека е бремена и на диво се населила во Клинички центар

Најчитани вести

Жена од Бањалука го лажела сопругот дека е бремена и дека треба да се породи па со денови се криела на Клиничкиот центар во Бањалука. Таа облечена во пижами главно се движела низ ходниците, чекалниците и тоалетите, овјави Новости.

Жената влегла во објектот со упат од матичен лекар и никој не се посомневал во неа оти вешто криела дека не е хоспитализирана.

Откако на 18 јули се дознало дека воопшто не е пациентка, била известена полицијата која ја одвела жената од објектот.

Од полицијата велат дека Градската управа на 23 јули добила сомнително известување за раѓање на дете кое било испратено по електронска пошта, по што случајот почнал да се разоткрива. Бидејќи дете не било родено и се појавил сомнеж за сторено кривично дело за целиот случај е известено Обвинителството.

Не е познато како жената успеала од сопругот и семејството да сокрие дека не е бремена. Нејзе ѝ е укажана психикатриска помош, а Обвинителството ќе ја продолжи постапката за утврдување дали има основа за кр4ивично дело.

Од Клиничкиот центар за медиумите велат дека по откривањето на овој бизарен случај ја зголемите контролата и безбедноста.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com