Полициската електронска пошта била преплавена со пораки од жени кои почнале да го бараат, но од лични причини.
Британската полиција го уапси осудениот провалник кој бил во бегство откако ги прекршил условите за кауција, но неговата фотографија на социјалните мрежи предизвика неочекувани реакции.
Полицијата во Западен Јоркшир објави фотографија од бегалецот Џонатан Кејхил (37) и наиде на голем одзив во јавноста, но не како што таа очекувала.
Фотографијата од бегалецот почнала да се шири на социјалните мрежи, а корисниците, главно жени, коментирале колку е згоден и убав.
И мејлот на полицијата бил преплавен со пораки од жени кои почнале да го бараат, но од лични причини.
Повеќето од нив биле разочарани откако полицијата соопштила дека тој е пронајден и уапсен.
„Тој сега е уапсен и е во затвор“, потврди портпаролот на полицијата.