7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Гоцевски: Нема законски основ премиерот да извршува и министерска функција

Најчитани вести

Досегашниот министер за финансии Драган Тевдовски по разрешувањето од функцијата се враќа на Економскиот факултет.

Со оваа негова одлука која ја објави на Фејсбук, тој ја одби понудата на премиерот Заев да му биде советник додека раководи со министерската функција во финансии се додека не се назначи нов министер.

„Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет.”

По ова се постави прашањето кој ќе раководи со Министерството за финансии, имајќи го во предвид тоа дека Антикорупциска веќе се повика на Законот за спречување на коруција и членот 44, кој практично значи дека функциите Претседател на Влада и министер се неспоиви во една личност. Според универзиетскиот професор Драган Гоцевски функцијата министер со полни овласувања според законот треба да ја врши заменик министерот. Додека премиерот како претседател на Влада, може да раководи со Владата, во смисла на колективен орган и да одлучува за поединечни прашања кои се во надлежност на министерството, но само со мнозиноство гласови.

„Владата може да врши надзор на законитоста на општите акти на конкретното министерство и може и може со тоа што би било прилично непрактичен начин да се вршат на дневна основа работи, може со заклучоци на Влада повторно со услогласеност на присутните членови на Владата да се донесуваат заклучоци кои за специфични работи ќе се задолжува министерството за финансии да ги врши и како да ги врши но тоа би било непрактично… “ – изјави Драган Гоцевски, универзитетски професор.

Досегашниот министер Тевдовски беше еден од малкуте министри кои беа смети со таканаречената метла. Тој раководеше со министерството две години. Според поранешниот министер Трајко Славевски Тевдовски не успеал да се наметне како носител на економските политики, бидејќи за нив одлучувал вицепремиерот за економски прашања Анѓушев.

„ Сега по се изгледа во некои кругови во кои е вклучен и премиерот Заев, помислиле дека Тевдовски е пречка за проекти постапки на трошење на пари кои може да донесат гласови на претстојните избори, нели сменетиот министер постапувајќи од сосема рационални побуди, тој е заштитник на државната каса. Второт е дека министерот Тевдовски не успеа да се наметне како носител на економските политики, тоа му го препушти на заменик премиерот Анѓушев, и можеби тоа беше една од причини за заслабнување на неговата позиција. “ – изјави Трајко Славевски – Поранешен министер.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести