АМЕРИКАНСКАТА тенисерка Коко Гоу е шампион на ВТА Мастерсот во Синсинати. Таа ја совлада Чехинката Каролина Мухова со 2:0 во сетови (6:3, 6:2).
Петтата тенисерка на планетата имаше контрола во целиот тек на мечот и заслужено триумфираше.
Во вториот гем од првиот сет стигна до брејк, но не можеше да го потврди, истото беше и во шестиот и седмиот гем.
Гоф имаше по 16 винери и неизнудени грешки, додека Чешка имаше непропорционален сооднос – 20 директни поени и 35 грешки кои не беа иницирани од нејзината противничка.
Коко навистина зад себе има импресивни летни резултати, бидејќи пред оваа титула го освои и купот во Вашингтон, додека во Монтреал стигна до четврт-финалето.
Ова беше петта титула за 19-годишната Гоф во кариерата, а трета годинава.