4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Готова работа: Рамос, Хакими и Донарума наскоро стануваат „принцеви“

Најчитани вести

Пари Сен Жермен е доста активен во летниот преоден рок. Веќе има договорено три големи засилувања, кои наскоро ќе бидат претставени за навивачи.

На голот ќе пристигне Џанлуиџи Донарума, кој не ја прифати понудата да остане во Милан. Парижани му даваат 12 милиони по сезона и ќе го ангажираат до 2026 година.

За идентичен период ќе биде склучен договор со Ашраф Хакими. Десниот бек пристигнува од Интер и исто така ќе добие петгодишна соработка.

Последното засилување кое ќе биде претставено по Европското првенство е Серхио Рамос. Искусниот дефанзивец ќе добие задоволувачки услови и ќе ги брани боите на ПСЖ во наредните две години.

Со овие трансфери нема сомнеж дека францускиот гигант ќе биде главен фаворит за сите натпреварувања во кои ќе учествува…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com