14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Гостивар: Недостасуваат половина од попишувачи од македонската, турската и ромската заедница

Најчитани вести

На последниот ден од рокот на конкурсот за попишувачи, во Гостивар нема доволно пријавени според предвидениот број. Недостигаат 14 попишувачи Македонци, 7 Турци и двајца Роми. Местата за попишувачи Албанци и инструктори се пополнети.

Според првиот човек на Општинската пописна комисија (ОПК), потребната опрема, односно лап-топите со која ќе се спроведува пописот е стигната. Во тек се обуките на инструкторите и наскоро ќе почне селекцијата на кандидатите.

Претседателот на ОПК Назми Јусуфи напоменува, доколку за слободните 23 места не се јават кандидати, тие ќе се пополнуваат според насоките и уредбите на Владата.

Јусуфи упати апел до сите политички субјекти, институции и организации да помогнат и да се ангажираат во оваа активност, во спротивно успешноста на статистичката операција може да биде доведена во прашање.

Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Во тек е електронското самопопишување на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство.

Досега, според податоците објавени на веб страницата на ДЗС, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190 359 лица од дијаспората. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува пописот на населението, домаќинствата и становите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com