Невремето со пороен дожд и град во Гостивар, вчера предизвика излевање на поголема количина на вода од канали за наводнува и шахти. Поплавата предизвика и штети на повеќе домови во гостиварското село Беловиште, а под вода беа и гостиварските населби Бањешница и Циглана.
Денеска состојбата е стабилизирана, водата е повлечена.
Жителите од јужниот дел од градот, како и од селото Беловиште ги бројат штетите.
До поплавувањето велат, дошло откако се излеала вода од канал за наводнување, но и од шахтите кои нередовно се чистат.
На терен со испумпување на водата, вчера интервенираа екипи на ЦУК, како и противпожарната единица. Обилните врнежи, предизвикале и помали одрони на земјиште, кои исто така со помош на механизација биле санирани.