30.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Гостиварец нападнал полицаец

Најчитани вести

Според СВР Тетово, полициски службеници вчеравечер во 22 часот и 35 минути, на излезот од Гостивар, на здуњска крстосница, го лишиле од слобода Х.И. (62) од гостиварското село Здуње.

Тој претходно управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски ознаки, не почитувал дадена наредба од сообраќајна патрола. Набрзо потоа и физички нападнал еден полициски службеник.

Х.И. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com