Педесетгодишен гостиварец е приведен од полицијата под сомнение дека служел гости по дозволеното работно време во неговата кафеана во селото Беловиште.
Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер во 22.30 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец П.М.затоа што неговиот угостителски објект во гостиварско Беловиште работел по дозволеното време и во него престојувале осум гости. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот.
По ова, наведуваат од СВР Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик, додека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат