Вчера во 00.40 часот на улицата Ангел Димовски во Скопје, полицајци го лишиле од слобода Х.М. (34) од село Врановци, гостиварско.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна и поради сомнение дека во јуни 2021 година на подрачје на Центар се самозадоволувал пред скопјанка. Во полициска станица, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање.
Лицето било спроведено во тетовскиот затвор за издржување на затворската казна, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.