20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Горивата поевтинуваат

Најчитани вести

Регулаторна комисија за енергетика одлучи да изврши намалување на малопродажните цени на нафтените дривати во просек за 1,35 проценти во однос на Одлуката од 15.3.2021 година, информира Комисијата.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг и сега ќе изнесува 35,393 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе бидат следните:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 67,00 денари за литар,

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 69,00 денари за литар,

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 56,50 денари за литар,

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 45,50 денари за литар,

Мазут М-1 НС ќе се продава по цена од 35,393 денари за килограм.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести