4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Горецка: Македонија не е лош тим !

Најчитани вести

Четирикратниот светски фудбалски првак Германија си го наплати македонскиот долг од Дуизбург (1:2) со камата во Скопје (0:4) и по триумфот на арената „Тодор Проески“ стана првата репрезентација од евро-зоната која на две кола пред крајот од мундијласките квалификации обезбеди настап на СП-2022 во Катар. И покрај убедливиот домашен пораз на Македонија и шансите сведени на теорија за освојување на второто место во групата Ј што носи настап во разигрувањето за учество на Мундијалот, комплетниот впечатокот кој го остави подмладениот состав на „црвено-жолтите“ предводени од новиот селектор Благоја Милевски не треба да биде разочарувачки.

Македонија добро се држеше едно полувреме. Не беше ставена во подредена улога, а тоа го признава Леон Горецка, ѕвездата во доаѓање на Баерн Минхен.

-Македонија не е лош тим! Беше непријатен противник, посебно во првото полувреме. Нам ни недостигаше самодоверба и ефикасност за да постигнеме голови, па бевме многу подобри во вториот дел, но постои уште голем простор за напредок, вели Горецка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com