Пожарот на падините на Побошка гора избувнал вчера попладне на популарна излетничка локација, а пожарникарите се уште не успеале да го локализираат, иако на помош им пристигнал хеликоптер на словенечката армија, кој фрлал големо количество вода на огнот.
Пожарот избувнал над помала населба, но се проценува дека станбените згради засега не се загрозени и дека не е потребна евакуација на жителите, на кои им се препорачува да не ги отвораат прозорците до дополнително известување и да избегнуваат вдишување чад , предупреди полицијата.
Областа на пожарот се уште се проширува, а станува збор за шумска површина со многу сува смрека и други дрвја кои лесно горат поради долготрајната суша, велат пожарникарите.
Денеска, како и вчера, околу 250 пожарникари се борат со пожарот, а нова екипа од стотина е во подготвеност.