15.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

Горан Рафајловски од ГДУ ќе води проект финансиран од германското МНР

Најчитани вести

Членот на Управувачкиот комитет на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Горан Рафајловски ќе раководи со проектот „Дијалог Исток-Запад помеѓу високообразовните институции за заеднички вредности и одржлив развој“ (DAAD), информира ГДУ.

Тој, како што вели партијата, деновиве се сретнал со својот стар и добар пријател Јоханес Селе, член на германскиот Бундестаг, од редовите на Христијанскодемократската унија на Германија (CDU).

„Двајцата политичари разговараа за проект, којшто треба да почне со
реализација во јануари 2020 г. Проектот се вика „Дијалог Исток-Запад
помеѓу високообразовните институции за заеднички вредности и одржлив
развој“-DAAD. Проектот ќе се реализира со поддршка на Министерството за надворешни работи на Германија и ќе ги опфати С. Македонија, Албанија и Германија,
со цел унапредување на демократските процеси и соработка меѓу високообразовните институции на овие земји. Еден од основните приоритети е јакнењето на цивилното општество, што ќе придонесе за образување на интегративните процеси на С. Македонија и Албанија во ЕУ. За раководител на проектот е назначен токму проф.д-р Горан Рафајловски“,информира ГДУ.

Рафајловски е професор на SRH универзитетот за применети
науки во Берлин катедра за енергетика, поранешен амбасадор на Република
Македонија во Германија, професор на Факултетот за електротехника и
информациски технологии.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com