Горан Пандев им посака успех на фудбалерите на ФК Академија Пандев кои во утре дебитираат на Европската сцена против Зрински од Босна. Тој на мини состанокот со играчите на неговиот стадион во Струмица го изрази своето задоволство што ова екипа направи голем успех сезонава и дека верува во нив за утрешниот натпревар. За жал тој нема да биде во Скопје, но им кажа дека, иако Зрински е фаворит не мора да значи дека тимот на Академијата нема сили и потенцијал да направи изненадување – пишува www.drnka.mk
„Зрински е голема екипа со огромен буџет и големо искуство на евросцената како шампиони на Босна, но тоа не треба да значи ништо. Нашите момци се подготвени. Не мора да значи дека они се фаворити и дека не можеме да ги изненадиме. Треба во Скопје да одиграме меч без примен гол, оти реваншот ќе одлучува. Се надевам на еден добар натпревар“ – вели за Дрнка.мк, Горан Пандев.