17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Горан Пандев е најдобар спортист на Македонија за 2020 година

Најчитани вести

Агенцијата за млади и спорт го избра Горан Пандев за најдобар спортист за 2020 година. Капитенот на фудбалската репрезентација не присутвуваше на церемонијата за доделување на наградите поради обврските во италијанското првенство.

„Жалам затоа што не сум во Македонија во моментов, па морам преку видео врска да се заблагодарам за наградата. Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, но за оваа награда се заслужни сите во македонската репрезентација, од селекторот, преку соиграчите, физиотерапевтите и економите, зашто создадовме семејство. Ова за мене е поттик да продолжам да го носам репрезентативниот дрес, што за мене е светост“, кажа Пандев на доделувањето на наградите.

Ова беше една од најуспешните години на 37-годишниот Пандев. Тој постигна гол на натпреварот против селекцијата на Грузија и ѝ обезбеди историски пласман на Македонија на Европското првенство што ќе се одржи ова лето.

Во категоријата за најдобар спортист освен Пандев беа номинитрани и таеквондистот Дејан Георгиевски и каратистот Емил Павлов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести