0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Горан Милевски кандидат за градоначалник на Битола од коалицијата ЛДП-ДОМ

Најчитани вести

Општинскиот одбор на ЛДП-Битола, на синоќешната седница едногласно заклучи претседателот на партијата и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски да биде кандидат на движењето „Одлучно за промени“, за градоначалник на Битола.

– Општинскиот одбор очекува Горан Милевски да ја прифати кандидатурата, која е барање не само на членовите, туку и на граѓани и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој. На седницата на општинскиотодбор усвоена беше и листата на советници на движењето „Одлучно за промени“, која на овие избори ќе ја предводи Валентин Груевски, досегашен претседател на Советот на Општина Битола. На листата се наоѓаат истакнати членови на ЛДП и ДОМ, како и бројни јавни личности од граѓанскиот сектор, културата, спортот. Листата ќе го отсликува и мултиетничкиот карактер на Битола – велат од ЛДП Битола.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com