2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Голманот на Славија ја покажа страшната расекотина на лицето по најбруталниот старт во Европа

Најчитани вести

Кемар Руф влезе на теренот во второто полувреме за да биде „џокер“ на легендарниот Стивен Џерард на натпреварот меѓу Ренџерс и Славија Прага, но на крајот се претвори во човек кој направи да го видиме најбруталниот фудбалски старт во Европа оваа натпреварувачка сезона.

Поранешниот соиграч на Џани Алиоски од Лидс Јунајтед беше крајно невнимателен во 62-та минута, па со летечко мајагери ја погоди главата на противничкиот голман, наместо топката.

Уште во првата секунда стана јасно дека голманот Ондреј Колар заработи хорор повреда и веднаш беше изнесен на носилки, а сосема очекувано и оправдано, напаѓачот на Ренџерс доби директен црвен картон.

Славија Прага ќе ја гледаме во четвртфиналето во Лигата на Европа откако на „Ајброкс“ победи со 0:2, а најголемата жртва Колар ќе има неколку седмици да заздрави, бидејќи самиот откри дека расекотината на неговото лице не е воопшто наивна.

Колар најверојатно ќе има доживотна трага и лузни од дуелот со Руф, а фотографијата која се појави од неговото лице дополнително ги шокираше фановите кои и онака останаа зачудени од страшниот прекршок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com