23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Голманот Дејан Илиев по девет години го раскина договорот со Арсенал

Најчитани вести

Голманот Дејан Илиев (26) го раскина договорот со Арсенал. Тој со емотивна објава на социјалните мрежи, со фотки со Питр Чех и Арсен Венгер се збогува од поранешниот тим. Македонскиот голман откри дека сега е слободен играч и е спремен за новиот предизвик.

„Пред скоро десет години дојдов како дете, а сега си заминувам како маж. Ова е местото што го нарекувам дом и тука се луѓето кои ги сметам за семејство. Им благодарам на сите во Арсенал за добиената шанса и за дадената поддршка. Ми беше чест да работам со најдобриот стручен штаб и со најдобрите соиграчи. Еднаш топџија, засекогаш топџија“, напиша Илиев.

Илиев се пресели во Арсенал од Беласица во 2012 година. Неговата форма беше задоволувачка во младинските категории на англискиот клуб, што му донесе нов тригодишен договор во 2015 година. По неколку позајмици, тој сега си замина од Арсенал, шест месеци пред истекот на договорот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com