Home » Голите гради ги прекрила со морска трева: „Испливаа“ жешки фотографии од голата сопруга на Канје Вест направени во 2021 година

Голите гради ги прекрила со морска трева: „Испливаа“ жешки фотографии од голата сопруга на Канје Вест направени во 2021 година

by Lina Muslija

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, ја понесе „титулата“ на најпровокативно облечена јавна личност на месецот, откако во Италија со недели предизвикуваше остри реакции поради разголените изданија.

Поради тоа, Бјанка сега е во фокусот на вниманието на медиумите, па така и нејзините стари фотографии се повторно актуелни. По стапувањето во брак со раперот и дизајнер Канје Вест, таа го променила начинот на облекување, но провокациите ни пред тоа не ѝ биле непознати.

Ценсори во 2021 година позирала во кампања на брендот за костими за капење „Sasha Label“. На фотографиите на модниот бренд со кој исто така соработувала и Адријана Лима (исто така позирајќи топлес), Бјанка носи долен дел костим за капење додека како „моден детаљ“ со кој ги прекрила градите ѝ послужила морската трева.

Кампањата се состои од низа провокативни фотографии од Ценсори за која велат дека радикално го променила својот имиџ откако е со Канје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk