-7.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Голем шумски пожар во близина на Велес

Најчитани вести

Се уште гори големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес. Гори нискостеблеста дабова шума, трње, и трева.

Пожарот се шири на потегот кон селото С’лп, но засега, како што информираат од Територијалната противпожарна единица Велес, нема опасност да се прошири во селото.

Екипа од ТППЕ Велес веднаш отишла на терен и се уште работат на гаснење на пожарот. Интервенираат осум пожарникари со две протвпожарни возила.

Од ТППЕ Велес велат дека пожарот кај нив бил пријавен во 13 часот и 10 минути.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com