17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Голем чекор: Џорџ Клуни донесе важна одлука за своето семејство

Најчитани вести

Не е тајна дека Џорџ Клуни, славниот актер, продуцент, сценарист и режисер, е голем обожавател на Франција.
Холивудската sвезда се реши за голема промена и одлучи да се пресели со своето семејство во Франција, на живописно место на југот на таа земја.

Иако имаат луксузна вила во Англија, Џорџ и Амал Клуни со своите деца, четиригодишните близнаци Александар и Ела ги спакуваа своите работи и се упатија кон југот на Франција.

Како што открија француските медиуми, актерот и неговата сопруга, адвокат за човекови права, наскоро ќе станат горди сопственици на имотот Канадел во Брињолес.

Интересно, Џорџ ќе биде оддалечен само неколку милји од неговиот добар пријател и колега Бред Пит и неговиот замок Миравал во Коренс.

Семејството Клуни ќе може да ужива во овој имот што се простира на околу 170 хектари, вклучувајќи 8 хектари винова лоза, а и голема шума е на дофат.

Засега, деталите за продажбата на имотот се чуваат строго во тајност, а како што дознаа некои извори, сопственикот и Џорџ Клуни треба да го завршат договорот на 5 мај.

Инаку, славниот актер неодамна откри што мисли за повторното започнување на серијата „ER (Emergency Room)“ што го направи славен.

George Clooney

Иако го гледавме како д-р Даг Рос во дури 15 сезони на култната серија „Ургентна служба“, сепак серијата не изгледа како најдобра идеја.

За можноста за повторно започнување на серијата, 59-годишниот Клуни зборуваше за време на виртуелниот собир на актерската екипа од серијата во шоуто Stars in the House.

Тој изрази сомнеж дека магијата на култната серија што траеше од 1994 до 2009 година може повторно да се пренесе.

„Не знам. Кога толку години постојано ја гледате серијата, тешко е да се каже дека можете повторно да го сторите тоа на нивото што го правевме тогаш. Не сум сигурен дека тоа е можно“, рече Клуни за потенцијалното повторно започнување на серијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести