20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Голем раст на PC бизнисот на Intel благодарение на евтините лаптопи

Најчитани вести

Веќе знаеме дека 2020 година беше значајна кога станува збор за испораките на PC уреди, а сега Intel го потврдува ова со своите резултати за четвртиот квартал, кога е во прашање заработката.

Производителот на чипови истакнува дека PC бизнисот на компанијата забележал раст од 33 проценти во споредба со претходната година, а лаптоп бизнисот бил посебно успешен со раст од 30 проценти.

Intel Client Computing Group, која е одговорен за компјутерските производи на компанијата, минатата година оствари приход од 10,9 милијарди долари (раст од 9 проценти во однос на претходната година). Она што е посебно интересно е дека просечната цена на лаптопите падна за 15 проценти, што укажува на тоа дека на корисниците навистина им биле потребни нови лаптопи поради пандемијата, но дека не биле подготвени да платат премиум цена за нив.

Силната PC продажба на Intel (заедно со растot од 39 проценти на Mobileye дивизијата) и овозможи на компанијата да ги надмине очекувањата за приходи од октомври за 2,6 милијарди долари. Intel објави приход од 20 милијарди долари за четвртиот квартал, со заработка од 5,9 милијарди долари. Иако се работи за пад од 1% и 15% во споредба со една година порано, Intel и натаму е задоволен.

Кога станува збор за 2021 година, очекувањата се дека во текот на првиот квартал ќе биде остварен приход од околу 17,5 милијарди долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести