27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Голем протест на грчките синдикати во Атина, штрајкуваат и административците и приватниците

Најчитани вести

Мирно завршија протестите во центарот на Атина, организирани од грчките левичарски синдикати поради денешното гласање на новиот закон за работни односи.

Синдикатот на вработените во јавниот сектор што од утрово започна 24-часовен штрајк, а заедно со синдикатот на вработените во приватниот сектор, поддржани од здруженија и левичарски организации, протестираа во центарот на Атина, додека пак засебен протест пред грчкиот Парламент одржа Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.

За попладнево, на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент закажани се нови протести, со оглед на тоа дека во тек е расправата на пратениците на пленарна седница, непосредно пред гласањето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести