21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Голем пораст на новозаразени во Словенија, вакцинација на сите возрасни до летото

Најчитани вести

Во Словенија се потврдени 1.288 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, што е голем пораст во споредба со 981 случај претходниот ден и 16 проценти пред повеќе од една недела, додека владата објави дека до крајот на јуни ќе го вакцинира целото возрасно население.

Со 6.979 тестови за ПЦР, потврдени се 1.288 заразени или 18,5 проценти, додека девет пациенти починале како резултат на ковид-19, објави Министерството за здравство.

За влошување на епидемиолошката состојба владата ќе расправа во попладневните часови, но засега не се предвидени нови мерки, а работата на училиштата ќе продолжи на комбиниран начин во живо и со онлајн настава, објавија неофицијално словенечките медиуми.

Според податоците на Министерството за здравство, досега во Словенија се вакцинирани 187.288 лица против ковид-19, или околу 9 проценти од вкупното население од 2,1 милион жители, од кои 104.103 со обете дози, а владата сè уште верува во успехот на кампањата за вакцинација.

Државниот секретар за вакцинација, Јелко Кацин, за Словенечката телевизија изјави дека нарачале 3,1 милион вакцини што треба да пристигнат во следните месеци, така што целата возрасна популација може да се вакцинира до крајот на јуни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести