Најмалку 130 пожарникари со 50-тина возила се распоредени и се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија во североисточниот грчки град-Александропули.
Од воздух дејствуваат и 14 противпожарни авиони кои се соочуваат со високи температури и силен ветер. Осум населби од градот се веќе евакуирани. Таму каде што нема пожар властите препорачуваат да се остане во домовите и да се затворат прозорците и вратите.