4 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Големо намалување кај струјата за приклучок и за исклучените

Најчитани вести

Приклучокот за струја иако беше најавено да изнесува 400 евра, тој од денеска ќе биде уште поевтин. Наместо досегашната цена од 500 евра, од сега па натаму за истиот ќе се плаќа 370 евра.

Ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика за сумите што треба да ја плаќаат корисниците за стандарден и повторен приклучок на струја.

Од денеска ако сте исклучени поради неплатени сметки, повеќе нема да плаќате 1.700 за повторно да ве вратат во системот, или повеќе од 2.000 за тоа да биде истиот ден и да не чекате, туку само 440 денари за најбрз можен рок.

Дополнително, од сега нема да постои нестандарден приклучок за струја, кој се наплатуваше по повеќе од 2.000 евра. И за него сите ќе плаќаат по 370 евра без разлика на која локација се наоѓаат.

Истовремено се намалува и цената за одвојување на броилата. Оваа услуга сега ќе чини 200 евра, наместо претходните 500 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести