Селекцијата на Белгија ќе се соочи со Данска во рамките на 2. коло во групата Б на Европското првенство, меч на кој „црвените ѓаволи“ ќе можат да сметаат на еден од најдобрите играчи Кевин Де Брујн.
Де Брујн поради повреда на лицето која ја заработи на финалето на Лигата на шампионите го скока првиот натпревар против Русија кој неговите сонародници го реализираа со 3-0.
Сега тој е подготвен да настап, а таа информација ја пренесе селекторот Роберто Мартинез. Мартинез не верува дека офанзивецот ќе биде спремен за цел натпревар, ама дефинитивно ќе може да одигра дел од него и да помогне во остварување на посакуваната цел.