-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Големиот грев на Ибра во Јунајтед вреден 5 милиони фунти: Им се извинив поради тоа!

Најчитани вести

Златан во неговата последно објавена книга, раскажува за мноштво на интересни работи, а меѓу останатото и за детали кои биле жестоки од неговиот трансфер во Јунајтед.

Имено, Златан и агентот Раиола преговарале со Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не се јавувале долго на повиците, па Ибрахимовиќ решил да реагира.

На Инстаграм тој објави дека е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед, поради што на „ОЛД ТРАФОРД“ биле екстремно лути.

„Го напишав тоа на Инстаграм, дека мојот нов клуб ќе биде Манчестер Јунајтед. Бев уморен од доста големите преговори. Такви работи не смеат да се случуваат ако се не е готово и Мино сакаше да ме убие поради потегот“.

Тогашниот директор на Олд Трафорд, Ед Вудвард, бил бесен на Ибра што прв објавил за трансферот, па Ибра морал да се извинува.

„Тоа беше моја вина, Мино Раиола немаше ништо со тоа. Изгубив трпение и тоа е се. Не размислував за последиците. Бев подготвен да се откажам од договорот и се да упропастам. Потоа им се извинив“, стои во сведоштвото на Ибрахимовиќ.

Оваа негова објава го чинела Јунајтед 5 милиони фунти, на што Вудвард му одговорил:

„Успеа да упропасти пет милиони фунти вреден промотивен материјал“, му порачал извршниот директор, но на крајот се добро се заврши, Ибра потпиша и настапуваше за Јунајтед.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com