Денеска преку Центар 112 добивме дојава за исчезнување од радарот на спортски авион меѓу Језеран и Модруш. Веднаш е започната интензивна потрага, соопштува Хрватската планинска спасувачка служба – ХГСС.
Станува збор за спортски авион „Cirrus 20“ со ознака PHYMC, кој бил на лет од Марибор до Пула.
Веднаш по добивањето на дојавата, на терен се испратени станиците за ХГСС Огулин, Госпиќ, Карловац и Загреб, а дополнителни сили се ставени на готовност.
Првите екипи се на терен и веќе е пребаран дел од просторот. Во потрагата моментално учествуваат вкупно 40 припадници на ХГСС од 4 станици. Дополнителни сили беа ставени во готовност.