28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Голема полициска акција во Грчец и Гази Баба

Најчитани вести

Претреси и апсења од рано утрово се случуваат во Грчец и Гази Баба, а досега се лишени од слобода 25 лица за трговија со дрога, дознава Утринскивесник.мк.

Дел од приведените се носат и во полициска станица Карпош.

Акцијата ја координира и води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција заедно со Министерството за внатрешни работи.

Обвинителката Вилма Русковска го потврди случајот за „А1он“, а повеќе детали се очекуваат по нејзино завршување. Во акцијата се вклучени екипи на специјалните единици на МВР. Станува збор за сузбивање на голема група луѓе кои се теретат за сериозен криминал. Акцијата и натаму е во тек.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести