18 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

Годишнина од атентатот врз Киро Глигоров

Најчитани вести

На денешен ден пред 24 години беше извршен атентат врз тогашниот претседател на државата Киро Глигоров.

Обидот за убиство на Глигоров се случи на 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

Истиот ден, во Клиничкиот центар беше извршена тешка операција на главата на Глигоров. Тој беше на боледување околу три месеци и повторно се појави во јавноста на 14 јануари 1996 година.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, била активирана со далечински управувач кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа. Од силината на експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри.

Автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот. Нападот се случи по само еден ден откако во Скопје претстојуваше претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнаа договор за мегусебно признавање на двете земји.

Иако по атентатот беше отворена обемна истрага од страна на МВР, под името „Автомобил“, а се вклучија и безбедносните служби на САД, Германија и Британија, ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати. За обидот за атентат, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовира во 2002 година.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94-годишна возраст.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести