28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Годишна изложба на фото – клубот „Чкрап“ од Тетово

Најчитани вести

Фото – клубот „Чкрап“ од Тетово синоќа ја отвори традиционалната 16. годишна изложба на фотографии во Уметничката галерија во градот.

„На оваа изложба имаме 22 фотографи кои се претставуваат со вкупно 44 фотографии. Нашиот концепт е изложна на работата на луѓето, на фотографите и како тие гледаат на тоа не е според зададена тема. Фото групата имаше апсолутна слобода во избор на мотив, техника,формат па дури и на начинот на презентација на фотографиите“, изјави Драги Неделчевски од Фото – клубот „Чкрап“ од Тетово синоќа на отворањето на изложбата.

Дел од фотографиите се претставени на изложби надвор од Тетово.

„Имаме членови и од други градови во државата, како и од странство. Направивме принт изложба, а каталогот ни е дигитален и така го испративме електронски до публиката“, рече Неделчевски.

Фото-клубот Чкрап е основан во 2003 година./mkd.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести