Home » „Глумците пеат“ се враќа на 20 април во Национална опера и балет

„Глумците пеат“ се враќа на 20 април во Национална опера и балет

by Журнал.мк

Драги пријатели, со огромна доза на емоции и со уште поголема одговорност, ви најавувам дека шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата.

Никогаш не ми било потешко да напишам статус и да ги одделам емоциите од работата.

Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме.

Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати.

И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката.

Оваа година ќе биде на 20 април, во Национална опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа – 26 март, во чест на 27 март, светскиот ден на театарот.

Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти.

Во деновите што следат полека ќе ги обелоденуваме сите информации. Засега, можам да ви кажам дека со Дејан Пројковски вредно работиме и полека приказната добива лик.

И да, влезниците се пуштени во продажба на https://bileti.mk/e/GP2023

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk