10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Глумецот Нил Патрик Харис третпат летува во Хрватска: Луксузен одмор на јахта со сопругот и децата

Најчитани вести

Актерот Нил Патрик Харис, познат како Барни Стинсон од серијата „Како ја запознав вашата мајка“, трета година по ред летува во Хрватска. Тој крстари на хрватското приморје со сопругот Дејвид Буртка и близнаците Харпер Грејс и Гидеон Скот.https://credissimo.mk/affiliate/call-me?utm_source=info

Нил пристигна во Хрватска пред два дена од Италија со својата јахта, пишуваат локалните медиуми.

Тој не крие дека е воодушевен од убавините на земјата. Деновиве објавува слики и видеа од одморот и вели дека хрватското приморје е меѓу најубавите места што некогаш ги видел во животот.

За потсетување, Нил и Дејвид се венчаа 2014 година по 10-годишна врска, а близнаците ги добија од сурогат мајка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com