4.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Глоба од 2,2 милиона евра за Романец фатен како превезува 5 тони тутун во Франција

Најчитани вести

Француските власти му наредија на романскиот возач да плати 2,2 милиона евра глоба зашто беше фатен со повеќе од пет тони тутун, чие потекло не можел да го докаже.

Романецот беше запрен во северна Франција, а со истрагата е утврдено дека не е првпат да превезува таков товар. Претходно, пренесувал околу два тони тутун во Велика Британија.

На полицајците им рекол дека за превозот на тутунот требало да добие 8.000 евра, како и дека товарот потекнувал од еден магацин во Белгија.
Претставници на царината побарале од судиите да го казнат романскиот возач со 2,2 милиона евра глоба, колку што наводно вредел запленетиот тутун. Обвинителството, пак, побарало казна затвор од една година.

Судот ги прифатил барањата, па Романецот е казнет со една година затвор, запленет му е имот и треба да плати глоба од 2,2 милиона евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com