Гласањето за извештајот за Македонија на известувачот Илхан Ќучук, во Европскиот парламент, иако најавено за денеска, беше одложено. Поднесени се над 300 амандмани. Бугарските европарламентарци иако од различни партии, единствени во нападите кон Македонија.
Со амандманите се обидуваат да го исфрлат делот од извештајот во кој стои дека „преговарачкиот процес не треба да биде злоупотребен за решавање на билатерални спорови“, а место тоа да стои дека исполнувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка е услов за приемот во Европската унија.
Бугарските европратеници бараат во документот да влезе и дека во Македонија има силен говор на омраза кон Бугарија и бугарското малцинство. Се користи терминологијата „криминал од омраза“, кон тие што се декларираат како бугари во Македонија. Бугарските европратеници тврдат дека од над 17 илјади невладини организации во Македонија, забранети се само тие што се формирани од Бугари.