5 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Гласачите „фантоми“ и гласачите од Пустец може се уште да се во избирачкиот список

Најчитани вести

Подготовките за предвремените парламентарни избори го враќаат во фокусот проблемот присутен во неколкуте изборни циклуси – состојбата со избирачкиот список. Никој со сигурност не кажува дали таканаречените „фантомски гласачи“ и гласачите од Пустец се уште се или не се во избирачкиот список. Од ДИК велат дека на списокот се наоѓаат сите лица над 18 години со валидни документи за идентификација, не исклучувајќи ја можноста спорните гласачи да се се уште таму. Базата на податоци за избирачкиот список се изготвува главно од податоците на Министерството за внатрешни работи.

„Во избирачкиот список се наоѓа секоја граѓанин на Северна Македонија кој поседува валидни документи за идентификација, валиден пасош или лична карта и се разбира главните услови, да има исполнето 18 години. Доколку овие лица се граѓани на Северна Македонија со валидни документи за идентификација, тогаш се разбира, врз основа на правилата, тие по автоматизам се и дел од избирачкиот список“-изјави Адмир Шабани, портпарол на ДИК.

Алсат упати серија прашања до Министерството за внатрешни работи за подетални податоци за детектирање и евентуално отстранување на лицата кои на незаконски начин пред изборите во 2013 година се стекнале со документи за идентификација запишувајќи се со лажни адреси на живеалишта, дури и стотици души на само неколку метри квадратни. Овие гласачи доаѓаа главно од Пустец и Драгаш. Од МВР одговорија многу кратко:

„Министерството за внатрешни работи спроведе законска постапка со која се издадени одлуки за поништување на адресите, а личните карти во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи се отфрлени и не можат да се појават во избирачкиот список кој се поднесува до Државната изборна комисија”-велат од Министерство за внатрешни работи.

Од МВР не одговорија на колку луѓе им се поништени документите за идентификација и колку од нив повеќе не се на избирачкиот список. Поранешниот член на ДИК Субхи Јакупи проблемот на странските државјани кои незаконски се здобиле со правото на гласање во земјата го актуелизираше неодамна. Тој вели дека институциите треба да излезат со точни податоци, дали спровеле некаква постапка за прочистување на списокот.

„За време на мојот мандат, ние детектиравме дека има значителен број особено регистрирани гласачи од Пустец и Драгаш и се оспоруваше начинот на кој се стекнале со државјанство. Доколку тие работеле во таа насока мислам дека ги детектирале тие недостатоци за начинот на кој се сздобиле со документи за идентификација и треба да преземат натамошни мерки за кои треба да имаме точна информација”-рече Субхи Јакупи, поранешен член на ДИК.

Со целосното објавување на избирачкиот список во 2016 година, излегоа на виделина илјадници аномалии меѓу кои и мртви лица и над 2500 странски државјани со право на глас. За ова се водат и судски постапки кои досега немаат исход.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести