10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Гладот го подобрува чувството за мирис

Најчитани вести

Дали мирисот на свеж цимет или сланина Ве привлекува во околниот ресторан за брза храна? Ново истражување потврдува дека она што го чувствувате во носот има голема врска со она што ви го кажува стомакот.

Имено, истражувачи од Северозападниот Универзитет во Еванстон, Илиноис, САД, велат дека чувството за мирис е всушност посилно кога сте гладни отколку веднаш по јадењето.

Имено, авторите на трудот откриле дека човековиот нос станува помалку чувствителен на мирисот на одредена храна, ако личноста штотуку го изела тој производ. На пр., луѓето, помалку веројатно, „ќе копнеат“ за кифличка со цимет ако ја помирисаат, откако само што изеле една таква. Спротивно на тоа, дури и мало навестување на мирис на цимет ќе натера некој да ја купи, додека сѐ уште не ја вкусил.

Скенирањето на мозокот на група учесници кои дегустираат кифли од цимет или пица, покажа дека луѓето послабо реагираат на мирисите од храната после јадење. Наодите откриваат и дека мирисот не игра само улога во она што го јадеме, туку и во развојот на самото чувство за мирис.

Авторите додаваат дека ова може да помогне за поурамнотежена исхрана, бидејќи човековиот нос, „со малку вежба“ ќе бара и поразновидно мени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com