13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Главниот епидемиолог ги попари Звездашите: Нереално е да има публика со Милан!

Најчитани вести

Иако утринава се израдуваа сите навивачи на Црвена Звезда дека УЕФа дозволила да има публика на мечот со Милан во шеснаестинафиналето во Лига Европа идниот месец, главниот епидемиолог во Србија, Предраг Кон брзо ги попари белграѓани – не е реално такво нешто.

Црвена Звезда најави дека наскоро ќе објави и ќе ги пушти влезниците за околу 17.000 навивачи колку што би можело да дојдат на „Рајко Митиќ“ на пресметката на црвено-белите со актуелниот калчолигашки лидер, ама…

„Ќе видиме, ама такво нешто е – нереално!“, рекол Кон за српските медиуми.

Главната одлука за тоа дали ќе има навивачи останува да ја донесе кризниот штаб во Србија, но после изјавата на Кон, практично лекарските експерти ќе се спротивстават на групирање на трибините, без оглед што епидемиолошката слика е стабилна, но стравувањата остануваат големи за можна нова експлозија на зараза ако не се почитуваат мерките и прерано се разлабават одредени рестрикции, како што е отворањето на стадиони и посета на истите од илјадници навивачи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести