Меган Маркл и принцот Хари денеска првпат јасно го покажале лицето на синот Арчи Харисон, кој се роди пред четири ипол месеци.
Поводот за тоа била средбата на војвотката и војводата од Сасекс со Дезмон Туту, јужноафрикански активист и пензиониран архиепископ во Кејптаун, Јужна Африка.

Родителите не ги тргале насмевките од лицата, а многумина искоментирале дека Меган и Хари никогаш не блескале толку.
Сите се воодушевени од кралското семејство, а за британската јавност ова е најударна вест.

Меган и Хари синот ѝ го претставија на јавнста неколку денови после неговото раѓање, во дворецот во Виндзор, а на јавните настаните кои следеле, како и на други намерни и случајни фотографии, му го сокриваа лицето.
После оваа средба, таткото Хари го очекува пат до Ангола, Боцвана и Малави, а мајката Меган ќе ја посети „mothers2mothers“ хуманитарната организација која ги вработува жените заболени од ХИВ.//tocka.com.mk/