Home » Ги топи маснотиите како на шега, но и драстично го подобрува здравјето: Ова е најдобрата диета на светот!

Ги топи маснотиите како на шега, но и драстично го подобрува здравјето: Ова е најдобрата диета на светот!

by Журнал.мк

Ви откриваме која е најздравата диета и кои се грешките што ги правиме кога се обидуваме да ослабиме или, едноставно, да се храниме поздраво.

Неодамна е објавено дека нордиската диета е поздрава од медитеранската, а експертите ги изнеле своите мислења за сличностите и разликите на овие два режима на исхрана, како и нивниот ефект на здравјето.

„Постои клучна разлика помеѓу овие две диети, а таа се крие во маснотиите. Медитеранската диета содржи маслиново масло, додека нордиската користи масло од маслодајна репка. Овие две масла имаат ист липиден состав и ги користат најздравите маснотии. Се разликуваат само по типот на маслото, но секако содржат квалитетни и здрави маснотии, полни со омега-3 и омега-6 масни киселини. Квалитетните омега-3 и омега-6 масни киселини имаат големо влијание врз состојбата на крвните садовите. И не смее да се претерува со консумацијата на шеќер“, откриваат докторите.

Оваа разлика се огледува и во изгледот на народот што отсекогаш се храни вака.

„Ако погледнете некој од Медитеранот, обично луѓето се пониски, можеби и полнички, имаат стомак, додека Скандинавците се шланк. Но според зачестеноста на хипертензија и инфаркт, тие се слични. Во последно време многу се истражува дали прекумерната тежина влијае врз атеросклерозата и сличните проблеми. Утврдено е дека типот на маснотии влијае, но прекумерната тежина и не толку. Човек може да има и 10-15 килограми вишок без да има поголем здравствен проблем“, откриваат докторите.

Експертите советуваат пет-шест пати неделно да користите масло од маслодајна репка. Се препорачува затоа што е квалитетно, а не е толку скапо како маслиновото. Не евтино колку сончогледовото масло, но не мора да ставате многу, сипувајте по малку и ќе ви трае подолго. А подобро е за вас, бидејќи сончогледовото масло не е здраво.

Што јадат овие народи за да бидат толку здрави? Кои се најздравите намирници?

„Погледнете ги Грците и нордиските народи. Три пати неделно јадат риба, и едните и другите. Потоа, јадат интегрални житарки и овесни снегулки и пијат млеко, но со малку масти. И двете кујни користат многу зеленчук во салати: зелена салата, рукола, радич, рдоква, млад кромид. И сето тоа го јадат пред главниот оброк во денот. На тој начин внесуваат влакна, масни киселини, сè што дејствува протективно на организмот“, заклучуваат експертите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk