Русинката Екатерина Лисина ги има најдолгите нозе од сите жени во светот, таа е највисоката манекенка на светот, а некогаш била успешна спортистка.
Оваа висока убавица е запишана во Гинисовата книга на рекорди за најдолги нозе во светот, долги 133 сантиметри.
Таа тврди дека е горда на својата фигура и висина од 204 сантиметри, но нејзината висина често ги плаши мажите. Иако нејзиниот изглед е импресивен за многу луѓе, кога станува збор за состаноци и мажи, тоа не е секогаш така.
Имено, таа признала дека нејзината висина често предизвикува негативна реакција кај момците, бидејќи е многу повисока од нив.
„Цел живот луѓето чудно ме гледаат на улица“, рекла Екатерина и додала дека мажите често ѝ приоѓаат кога седи и потоа се шокираат кога ќе стане.
„Никој не очекува да сум толку висока, а реакциите на нивните лица се непроценливи“, вели таа.
Екатерина исто така е многу активна на социјалните мрежи, а на Инстаграм има над 1,1 милиони следбеници.